Art & Crafts

Смирете ја кожата по сончањето со едноставна маска од лаванда

Познато е дека мирисот на лаванда смирува и дека ова романтично растение има позитивни ефекти на кожата. Во летниот период сакаме да се одмориме и опуштиме, а на кожата која сме ја измачиле на сонце, потребна ѝ е дополнителна нега. Решение за овој проблем е едноставна и ефтина маска за лице од лаванда. Потребни ви се само четири состојки, кои ќе ја смират вашата кожа и ќе ѝ го вратат сјајот.

Потебно е:

3 лажици јогурт

4 капки есенцијално масло од лаванда

Лажичка сушена лаванда

Лажичка мед

Подготовка:

Измешајте ги состојките и оставете ги да отстојат во фрижидер 20-тина минути. Смесата нанесете ја на лице (избегнувајте го пределот околу очите) и оставете да стои 20 минути. Исплакнете со млака вода и намачкајте ја кожата со хидратантна крема.

 

Write A Comment