Здраво тело

5 Намирници кои го намалуваат ризикот од рак на дојка

Доколку ги вклучите овие 5 намирници во вашето дневно мени, многу се помали шансите да ја добиете оваа тешка болест. Некои научници сметаат дека со овие намирници значително може да се намали ризикот од рак на дојка.

Калинка

Ако веруваме на студијата објавена во Центарот за превенција од рак, елагичната киселина од калинката може да ве штити од рак на дојка, така што ќе го регулира естрогеноти и ќе спречи развој на малигни ќелии во дојките.

Лосос

Оваа риба е богат извор на добри масти – омега 3 есенцијални масни киселини, а голем број на анализи покажаа дека жените кои внесуваат многу омега 3 масни киселини имаат 14% помали шанси да заболат од рак на дојки, во однос на жените кои не ги консумираат. Ако не можете да си приуштите лосос, може да го замените со други видови риба, кои исто така се богати со добри масти, како што се сардината, црн бакалар и скуша.

Сладок компир

Научниците развиле теорија дека каротеноидите кои се наоѓаат во слаткиот компир, содржат компоненти кои го регулираат растот, обновувањето и имунитетот на клетките. Освен латкиот компир, најмоќни каротеноиди се морковите, тиквата и зеленчук со темно зелена боја.

Зелен чај

Овој чај е пребогат со полифеноли – антиоксиданс со голем број позитивни ефекти врз целокупното здравје, вклучувајќи и превенција од рак на дојка. Истражувањето спроведено на 181 жена покажа дека жените кои пиеле барем една шолја зелен чај дневно, имаат помал уринарен естроген, познат карциноген на дојките.

Печурки

Истражувањето кое опфати преку 2000 жени во Кина, покажа дека жените кои јаделе 10 грама печурки дневно или повеќе, имале дури две третини помали шанси да заболат од рак на дојките, во однос на оние кои не консумирале печурки.

Write A Comment