Убавина

Природен третман за зајакнување на ноктите: Потребни ви се само лимон, морска сол и маслиново масло!

Слабите и кршливи нокти се чест проблем, но со овој едноставен совет ќе им помогнете на своите нокти да бидат здрави и цврсти. Стручните лица го препорачуваат овој ефикасен рецепт за зајакнување на ноктите, кој помага по неколку третмани.

Наједноставниот начин да ги зајакнете ноктите во домашни услови е десетминутен третман со морска сол.

За овој третман потребно ви е 200мл топла вода, 2 лажици морска сол, кришка лимон и неколку капки маслиново масло.

Во мал сад растворете ја солта. Спуштете ги врвовите од прстите во купката и држете ги 10 минути. Потоа, истријте ги ноктите со лимонот и оставете ги така 5 минути.

По 5 минути измијте ги рацете со топла вода и втриете на ноктите маслиново масло.

Третманот повторувајте го секој или секој втор ден во текот на 2 до 3 недели и резултатите ќе бидат видливи. Ќе имате цврсти и здрави нокти, кои нема повеќе да пукаат.

 

Write A Comment