Art & Crafts

Зошто треба да ги менувате дезодорансите?

Потењето е природен начин на кој телото се лади и ги исфрла штетните материи, но често го прати и непријатен мирис.

Различно се потиме заради стрес, вруќина или вежбање, а секој вид на пот има карактеристичен хемијски состав. Така на пример, “мирисот” од стрес е најнепријатен.

Дерматолозите препорачуваат да го менувате дезодорансот кој го корисите на секои шест месеци, бидејќи во спротивно телото ќе се навикне и ќе престане да реагира на него. Најдобро средство за спречување на непријатниот мирис под пазувите е дезодорансот во стик. Доколку сте алергични можете да го направите сами, од различни масла и екстракти со антибактеријско делување.

Жолтите флеки на гардеробата  се појавуваат заради реакцијата на алуминиумот со потта, облеката или прашокот за перење. Затоа внимателно прочитејте ја декларацијата за да проверите дали оваа состојка се наоѓа во вашиот дезодоранс. Немојте да претерувате ни со користење на антибактеријски сапуни и купки, предупредуваат дерматолозите. Доколку често ги миете деловите од телото кои имаат најинтензивен мирис  на пот, ја сушите кожата, што само го зголемува потењето.

 

Write A Comment