Вкусна, освежувачка и многу едноставна за подготовка.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр шеќер во прав
* 250гр маргарин
* 250гр мелени бисквити
*4 кисели јаболка изрендани без кора
* 5 банани
* 4 пакетчиња шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити, изренданите јаболка и 3 изгмечени банани. Формирајте торта од половина од смесата. Во средина ставете 2 исецкани банани и врз нив останатиот дел од смесата. Одозгора украсете со изматен шлаг.
