Motherhood

Молба на девојчето со Даунов синдром која го расплака светот!

“Ве молам не го користете зборот “ретардиран”. Јас сум прекрасна личност. Јас сум Изабела!”, напишала малечката чија фотографија ја поделиле милиони на друштвените мрежи.

За истиот проблем пишувал и Џон Френклин Стивенс, кој е роден со Даунов синдром и објаснува зошто толку го погодува кога луѓето го користат тој збор во секојдневниот говор.

Не морате директно да мислите на мене, со цел да ме повредите мене и милиони други кои живеат со ова пореметување. Пред се никој веќе не го користи со тоа значење, туку со цел да окарактеризира некој како глупав. Јас не сум глупав. Јас не сум губитник. Јас не сум предмет. Јас сум личност”, напишал Стивенс.

bggbfg

Стивенс објаснил со кои се потешкотии се соочува секој ден.

“Ние мораме да се трудиме да го разбереме она што вие го земате здраво за готово. Ние се бориме за образование, за пријатели. Ние се бориме  да живееме како вас”, заклучува Стивенс  во овој емотивен говор.

Write A Comment