Здраво тело

ЗДРАВО И ЛЕСНО: Домашен пијалок за намалување на холестеролот и триглицеридите

Доколку патите од зголемен холестерол ви предлагаме еден лесен пијалок кој можете да го подготвите од многу едноставни состојки.

Пред да започнете да користите било какви лекови, обидете се проблемот да го решите или да го намалите со промена на исхраната.

За овој пијалок ќе ви бидат потребни шест лимони и четири целери.

Лимоните убаво измијте ги со сода бикарбона и заедно со кората исчете ги на коцки. Целерот излупете го и изрендајте го. Измешајте го со лимонот и полиете го со еден литар вода.

Смесата оставете ја да отстои 24 часа, а потоа исцедете ја низ газа. Лековитиот лесен пијалок чувајте го во фрижидер и пијте по една чаша за ракија пред секој оброк.

Write A Comment