За беспрекорни прозорци не е потребно да трошите многу пари на разни средства за чистење. Се што ви е потребно најверојатно веќе го имате дома, а ние ќе ви откриеме како сами да направите средство за чистење со кое вашите прозорци ќе заблескаат.
Потребно е да измешате 250мл оцет со 100мл вода. Ако мирисот од оцет не ви е пријатен, во мешавината додадете 10 капки есенцијално масло по избор.Мешавината ставете ја во шише со распрскувач, добро протресете и користете го за чистење.
