Убавина

Лосион за прочистување на лицето со јаболков оцет

Јаболковиот оцет е во состојба идеално да ги исчисти порите и истовремено со тоа да ја разубави кожата на лицето. За таа цел можете да си подготвите домашен тоник, со кој ќе го чистите лицето пред спиење.

Измешајте 100мл минерална вода, 1 лажиче јаболков оцет и 3 капки етерично масло ( по желба). Пред секоја употреба на лосионот, добро протресете го шишенцето во кое го чувате, а потоа со помош на памук нанесете од него врз кожата на лицето. Веднаш ќе почувствувате свежина. Сите хранливи состојки од оцетот продираат во кожата, и на тој начин ја прават еластична и тонизирана.

Овој лосион можете да го користите и за мазнење на стапалата. Кожата на нозете постепено станува мека и чиста, без никакви ексфолианти. Освен тоа, ќе се ослободите и од непријатната миризба.

Напомена: Не подготвувајте големи количества од тоникот со јаболков оцет, бидејќи откако ќе испари тој веќе нема да е толку ефективен.

Лосион за почистване на лицето с ябълков оцет

Write A Comment