Motherhood

Природното раѓање многу повеќе ги зближува мајаката и бебето!

Откако стана јасно дека децата родени по природен пат, доста често се попаметни, сега научниците открија уште една предност на природното породување. Излегува дека тоа ја зајакнува врската помежу мајката и бебето!

Утврдено е дека кај него жените побрзо го развиваат мајчинскиот инстикт отколку после царски рез. Тоа станао јасно откако тим научници ги набљудувале реакциите во мозокот на 12 родилки. Излегува дека кај дамите, кои родиле по природен пат, има повисока активност на зоните поврзани со мотивацијата и емоциите.

Според експертите, тоа се должи на фактот дека има разлика во производството на хормони кај двата вида раѓање. Контракциите кои го придружуваат раѓањето по природен пат, го предизвикуваат лачањето на хормонот окситоцин, а се смета дека токму тој има главна улога во формирањето на мајчинските чувства и однесување.

Write A Comment