Истражувачите велат дека изборот на она што е на нас нè одсликува и покажува каква личност сме. Логично. Овој пат ќе ви кажеме што кажува за вас изборот на бојата на лакот за нокти.
Жолтиот лак го избираат оние кои ја пратат модата. Всушност, таа боја е прогласена за боја на сезоната. Жените кои носат жолт лак на нокти имаат уникатна смисла за стил.
Среќните жени и оние кои сакаат да бидат среќни ја користат корал бојата. Таа портокалова нијанса ни кажува дека жената го сака летото и дека нема премногу грижа на совест.
Ретки се жените кои ја бираат неонската зелена боја за лак на нокти. Но кога ќе видите таква жена, бидете сигурни дека таа е полна со енергија. Таа е центар на забавата и е уметнички ориентирана, со свој стил во модата.
Жената која ја бира белата или проѕирната боја на лак е едноставна, знае што сака, орактична е и не се замара со ситници.
Бледо розов лак користат жените кои работат и кои вложуваат во својата кариера. Розова боја делува многу природно.
Црвениот лак за нокти го користат жени кои на цел свет би им посакале да кажат како се заљубени. Всушност, повеќето мажи црвените нокти ги сметаат за многу привлечни и често таа боја асоцира на секс.
