Генерално, трудниците кои го носат своето прво дете стомакот ќе почне да им расте помеѓу 12 и 16 недела од бременоста. Кај искусните мајки тоа ќе се случи порано, со оглед на тоа дека нивната матка и стомачни мускули веќе се растегнати од претходните бремености.
Ако стомакот почне да ви се гледа пред тоа, веројатно се работи за гасови или пак констипација кои се вообичаени кај бремените жени.
Ако стомакот сеуште не ви се гледа, а мислите дека е време за тоа, немате причина за грижа. Матката во телото може да се смести на многу начини и во многу позиции. Понекогаш е свретена према внатрешноста на стомакот, па стомакот почнува да расте покасно. Тоа не значи дека вашето дете е помало. Дури во второто или третото тромесечие почнува да се оценува големината на фетусот.
Ако сепак сте загрижени поради големината на вашиот труднички стомак, посоветувајте се со вашиот доктор.
