Присуството на таткото за време на раѓањето е тема за која кај нас сеуште се дебатира. Иако појавата е се почеста, сепак не е толку голема како во другите земји. Кај нас, повеќето мајки и татковци,не ја поддржуваат оваа идеја.
Мислења за присуството на татковците
Повеќето мажи се загрижени за своите сопруги, сакаат некако да помогнат, но не се во можност. Некои од нив веруваат дека тоа може да го направат со своето присуство во салата за раѓање.
За некои мажи пак, тоа е непријатно искуство кое им буди страв.
Жените, пак, од друга страна имаат поделени мислења. Некои го сакаат сопругот до себе, да го помине заедно со нив целиот процес и да им биде поддршка, додека други тоа го сметаат за непријатно и сакаат да го поминат породувањето сами. Некои жени се плашат дека поради тоа нема повеќе да бидат привлечни за партнерот.
Какво е вашето мислење за ова?
