Без потење, нашето тело не е во состојба да ја постигне нормалната телесна температура во текот на топлите летни денови и со негова помош се извршува нормалната терморегулација на организмот. Затоа е неопходно да се помириме со него, но истовремено да одржуваме добри хигиенски навики, за да ја избегнеме несаканата миризба од пот.
За таа цел ви предлагаме, откако ќе ги измиете пазувите со сапун и малку ќе ги исушите, со навлажнета рака намачкајте под нив малку сода бикарбона. Таа ја игра улогата на природен дезодоранс, кој ги неутрализира бактериите по кожата.
