Motherhood

4 типа на пријателки од кои секоја жена има потреба

Жените обично се обвинувани дека не се способни да имаат вистински пријатели, како и тие сами да бидат такви. Наидовме на една доста интересна информација која сакаме да ја споделиме со вас. Според група американски психолози, за да се чувствува добро и да има нормален социјален живот, секоја жена има потреба токму од 4 типа на пријателки. Видете и кои се тие.

Советничка

Таа е потготвена да ги ислуша сите наши проблеми, да даде објективно мислење и најважно – да каже отворено што мисли. Советничката е силна потпора и на неа секогаш може да се потпрете.

Весела пријателка

Секоја жена треба да има пријателка со која слободно може да прави лудории од време на време. Да се забавува, да заборави на проблемите и зошто да не ги посети дискотеките до раните утрински часови?

Снаодлива пријателка

За неа нема затворени врати! Не се плаши од никој и од ништо. Секогаш ќе најде решение за проблемот и малку како мајка ќе ве “бутка” напред. Од неа ќе научите многу нешта. Точно дека често ќе се плетка кде што не и е работа, но пак го прави тоа за ваше добро.

Пријателка од детството

Времето обично ги замаглува пријателствата. Но и покрај тоа, обидете се да останете во контакт со барем една од најблиските пријателки од детството. Имајте на ум дека таа ве познава добро и имате безброј пријатни спомени.

Write A Comment