Motherhood

Спасете ги децата да не страдаат од скандалите помеѓу родителите!

Децата кои слушаат како нивните родители се караат се почувствителни кон стресот, тврдат американските научници од Универзитетот во Орегон.

Мозокот на овие деца реагира на тонот на гласот кој во себе носи изобличување, дури и за врема на сонот, односно кога детето спие. На тој начин детето доживува стрес кој продира во неговиот имунолошки систем и се одразува на неговиот развој.

Заклучоците се направени по извршениот експеримент, за време на кој се пуштаат аудиозаписи на 20 деца додека тие спиеле.

Се покажало дека децата одлично ја препознавале интонацијата, иако спиеле.

Познато е дека конфликтите во семејството се најчест извор на стрес.

Децата кои живеат во семејства каде што се случуваат скандали реагирале поактивно на изоблениот тон. Тоа било докажано по скенирањето на кое се гледа активирањето на зоната на мозокот поврзана со стресот и регулирањето на емоциите.

Сличен ефект е забележан и кај животните. Тоа е нормален механизам на раниот развој на системот  за реакција при стрес . Некои научници веруваат дека врз развојот на детето се одразува и стресот, испитан уште во утробата на мајката. Ефектот се пренесува преку плацентата.

Утврдено е уште и тоа дека девојчињата и момчињата реагираат различно на стресот, бидејќи протеинот поврзан со феноменот, влијае на различен начин на женскиот и машкиот мозок.

Момчињата потешко ги поднесуваат последиците од стресот. Тоа објаснува зошто мајките кои доживеале стрес, почесто раѓаат момчиња кои страдаат од аутизам или шизофренија.

Write A Comment