Крајот на една врска е трауматичен на повеќе начини, а најчест термин кој се користи во тие ситуации е “скршено срце”. Сепак, според истражувањата многу поточен израз за тоа е “болен мозок”.
Научниците од Универзитетот Мичиген докажале дека менталната реакција по крајот на една врска е еднаква на физичка болка. Попрецизно, се активираат истите делови на мозокот кога се повредувате или се потсетувате на лошите детали од прекинот на врската.
Колку била подолга и позначајна, невролошките ефекти по прекинот на врската биле подлабоки бидејќи со текот на времето партнерите се’ повеќе се синхронизираат и се создава невролошка врска. По прекинот, таа “патека со два правци” останува со еден правец, па затоа ни е потребно подолго време да заборавиме на болката.
Сепак, научниците велат дека има и лек – кога сте среќно заљубени чувствувате помала болка, па најдобар рецепт за заборавање една љубов е започнување на нова.
