Психолозите и останатите истражувачи со децении претпоставуваат дека во развојот на едно дете, најважна е неговата врска со мајката, меѓутоа последните резултатит кажуваат дека татковците се можеби и поважни во животот на едно дете…
„ Откривме, дека татковците понекогаш дури и повеќе влијаат на развојот на детето, за разлика од мајките“, тврди Роналд Ронер, од Универзитетот Конектикат.
Во секое семејство има личност која има поголемо влијание, личност која ги организира случувањата. Во семејствата, каде што тоа е таткото, неговите дела најмногу имаат влијание на детето. Во овие случаи, децата обрнуваат внимание на она што го прават татковците, а оттука е поголемо и нивното влијание. Таткото е одговорен и за понатамошниот развој на едно дете. Од неговиот стил на воспитување зависи дали детето како тинејџер ќе биде упорно или не. Ако таткото е константен и има цврст став, многу се помали шансите дека тоа дете ќе стане деликвент, односно повеќе ќе се ангажира на училиште.
Таквото воспитување се вика авторитативно родителство, а го осликува топлина и љубов, од една страна, но и почитување на правилата… Студиите покажуваат дека најефикасни се татковците кои ги слушаат децата и имаат блиска врска со нив, оние кои поставуваат правила, но исто така им ја даваат и потребната слобода.
Добро родителство не значи одење во шопинг и на луксузни дестинации…Квалитетното време поминато со детето е најважно за него. Играјте си заедно, гледајте филм, шетајте. Не е важно што правите, само бидете тука за него !!!
