Мојата кујна

Кекс штрудлички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1кг брашно

* 1 маргарин (собна температура)

* 1 јајце

* 1 чаша (0д 200мл ) шеќер

* 1 чаша кисела павлака

* 1 пециво

* 1 пакетче ванила

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: Мармалад по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од состојките направете меко тесто. Поделете го на две топчиња. Тестото размесете го на побрашнета површина, па премачкајте го со мармалад. Потоа преклопете го два пати, да добиете облик на штрудла, па исечете го на парчиња. Постапката повторете ја и со другата половина од тестото. Наредете во плех подмачкан со масло или обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 10 минути. Готовите штрудли посипете ги со шеќер во прав.

Write A Comment