Псоријазата е незаразно хронично заболување. Многумина патат од ова заболување и се во постојана активна потрага по решение. Ние денес ќе ви помогнеме со неколку лесно достапни и природни намирници кои можат да ви помогнат во борбата со оваа болест.
Морска вода – Искуствата покажале дека капењето во морска вода и третирањето на зафатените подрачја со морска вода може да биде многу делотворно кај псоријазата. Затоа доколку патите од ова заболување и имате можност, тогаш вашиот летен одмор секогаш поминувајте го што подолго и со што повеќе капење во морската вода.
Јаболков оцет – Ова е еден од најделотворните природни препарати за борба против псоријазата. Познавачите велат дека 30-минути е потребно држење на облоги од јаболков оцет на зафатените подрачја. Јаболковиот оцет е најдобар кога е направен дома.
Кори од банана – Корите од банана се навистина делотворни против псоријаза. Држете кора од банана редовно на зафатените подрачја.
Алое вера – Алое е растение кое е ефикасно во многу заболувања, а тука секако е и псоријазата. Користете крем, масло или гел од алое вера.
Лененово масло – Редовното третирање на заболените подрачја со лененово масло може исто така да биде едно ефикасно природно решение против ова мачно заболување.
