Тониците за лице овозможуваат многу бенифиции за подобрувањето на вашата кожа. Како и да е добрите, конвенционални тоници за лице често имаат висока цена. Домашно подготвените тоници можат да бидат од голема корист и многу економични. Погледнете ги овие рецепти за тоници и изберете го најдобриот за вашиот тип на кожа.
ТОНИК ОД ЛИМОН ЗА МАСНА КОЖА
Овој рецепт е добра комбинација од квалитетни состојки кои делуваат како ексфолијанти на кожата. Со помош на сокот од лимон даваат ефект на нежна и негувана кожа.
Рецепт: Измешајте ½ шоља чај од тревката, вештеркино влакно и ¼ шоља џус од лимон. Тестирајте ја мешавината на некои делови кои не се видливи за да се избегне несакана иритација. Потоа нанесете ја на кожата, и измијте со млака вода.
ТОНЕР ОД КРАСТАВИЦА ЗА ЛИЦЕТО
2 краставици се сецкаат на блендер и се мешаат со половина шача природен сок од јаболко. Оваа смеса може да се нанесе на лицето и се остава да отстои на него 15 мин. Потоа се исплакнува со млака вода. За повеќе освежување и нега на лицето, можете да користите рецепт од една мала краставица со 1 лажица млеко и 2 лажици ситно сецкано нане да се добие мека смеса. Се препорачува да се искористи веднаш, но со чување на ладно и темно место може да се користи и подолго.
