Здраво тело

Дoмашно средство против цистит и за прочистување на бубрезите

Просото перфектно им помага на бубрезите. Тоа дејствува прочистувачки, го отсранува песокот, каменот и помага во лекување на цистит.

Освен тоа, се користи ефектно за исфрлување на камен од мочниот меур. Една или две недели по првото конзумирање на напивката од просо, каменот се раствара на помали парчиња и се исфрла со урината.

За целта измијте 1 чаша просо со топла вода и ставете го во сад од 3 литри. Потоа дополнете го садот со врела вода. Оставете го да отстои на собна температура, покриен со нешто.

Следниот ден ќе забележите дека водата станала бела. Е, тоа е всушност вашиот лек. Пијте од течноста по неколку чаши во текот на целиот ден, наместо чај. Откако ќе ја потрошите течноста, повторно додадете врела вода во просото и оставете да отстои 1 ноќ. Можете да пиете од едно исто просо, се додека вкусот не му се промени. Потоа подгответе нова доза со нова чаша просо.

Write A Comment