ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 голем филџан остро брашно
* 1 голем филџан житни снегулки
* 1 голем филџан кокос
* 1 чоколадо за готвење (100гр) издробено на коцки
* половина филџан кафеав шеќер
* 1 голама лажица мед
* 125гр маргарин ( собна температура)
* 1 лажиче сода бикарбона
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојќи полека измешајте ги. Добро да се поврзат, по потреба додадете 2-3 лажици вода.
Обликувајте со раце и печете на хартија за печење 15-20 минути, на 170 степени. Најубави се откако ќе отстојат еден до два дена.
