Овој факт не им оди во прилог на високите мажи, бидејќи тие имаат поголема веројатност да се разведат за разлика од пониските мажи.
Ниските мажи се женат покасно од високите, кои имаат 32 проценти поголеми шанси да се разведат. Ниските мажи, исто така, се женат за помалку образовани и помлади жени. Кога ќе се оженат ги извршуваат домашните задачи, а заработуваат многу повеќе од својата партнерка.
Истражувачите веруваат дека е тоа се должи на фактот што мажествeноста често се поврзува со висината, па ниските мажи го претвораат ова во своја полза. Помалку учество во домаќинството и донесување на профит претставува прифаќање на традиционалните родови поделби, со што нивната машкост се нарушува.
Високите мажи се женат порано, но подоцна имаат многу поголеми шанси за развод за разлика од ниските мажи. Високите мажи во главно се женат за образовани жени а нивна возраст.
Експертите сметаат дека мажите ја користат својата висина како предност да влезат во врска а подоцна и во брак со по образована жена.
Кога станува збор за работата, висината на мжот исто така идиректно влијае на економскиот статус и социоекономската подвижност.
