Независно од начинот на кој ги отстранувате влакната, за да го спречите растењето на влакната, најпрво кожата третирајте ја со благ пилинг.
Пилингот е задолжителен, особено ако влакненцата се израстени, а доколку кожата е склона кон растење, нанесете лосион два дена пред и два дена после депилацијата. Така, најдобро ќе ги спречите мртвите клетки да ги „ заробат “ влакната. Иако е најбрзо и практично, бричењето под утрински туш, не обезбедува „најмазни“ резултати – тврдат стручњаците.
Благото отекување на нозете во текот на ноќта, ги прават пределите со влакненца потешко достапни, објаснуваат стручњаците. Затоа, најдобро е нозете, под туш да ги бричите навечер. И натопувањето во топла купка предизвикува привремено отекување на нозете, па ако сте наумиле да ги отстраните влакната, истото направете го пред влегувањето во када.
„ Многу жени грешат користејќи ист брич со денови, недели, дури и месеци. За квалитетен резултат, набавете брич за еднократна употреба и секако, употребете крема за бричење. Не само што ќе се намали иритацијата на кожата, туку и дополнително ќе се отстранат 0,5 милиметри, кажува американскиот дерматолог Кети Филдс. Нанесете ја кремата спротивно од растот на влакната, така што подобро ќе се впие и ќе ги исправи.
– Почекајте четири недели помеѓу две депилации – Депилацијата, или уште полошо, бричењето на првата појава на влакненца води кон иритација. Помеѓу два третмани на депилација со восок, би требало да паузирате четири недели, без разлика колку и да е тешко да чекате. Колку што се влакненцата подолги, толку лентите за депилација подобро ќе ги фатат. Тоа особено важи ако влакната се дебели и густи.
-Со лосион за тело, до помалку болки –Секојдневното користење на лосион за тело со алфа хидроксилна киселина ја омекнува кожата и спречува мртвите клетки да ги затворат порите. Освен тоа што кожата полесно дише, депилацијата е помалку болна.
-Денот за депилација се бира според циклусот – За време на хормоналните промени, кај повеќето жени, депилацијата со восок е најболна непосредно пред, за време и после менструацијата. Затоа, најдобро би било да ја практикувате за време на овулацијата.
-Кубењето помалку боли, а модринките се поретки ако кожата убаво се оптегне – При депилирањето со восок, дома, најважно е да го имате на ум следново: Затегнете ја кожата во спротивен правец од повлекувањето на траките со восок. Во спротивно, би можеле да завршите со модринки.
