Никој од нас не сака разгалено дете, дете кое е невоспитано, себично, дете кое многу бара, дете кое е бесчувствително… Што всушност влијае за едно дете да стане разгалено, а што не ???
Мајките често слушаат совети од типот „ не носи го во раце, ќе го разгалиш “, или „ пушти го да плаче, ништо нема да му биде “. Верувате ли на овие совети??? Да го носите Вашето дете или да го смирите кога плаче, значи да му покажете љубов. А љубовта, на децата им е потребна исто како и храната, водата или воздухот. Вистинскиот проблем лежи во дефинирањето на љубовта.
ЉУБОВТА НЕ Е ВО ПОДАРОЦИТЕ
Родителите и роднините често мислат да ја покажат љубовта спрема детето, овозможувајќи му ги сите играчки кои ќе ги посака и сите активности кои ги бара, но со давањето на материјални ствари, на детето воопшто не му овозможуваме љубов. Што всушност тогаш правиме ???
1.Предизвикуваме зависност
Со ова се создава зависно однесување. Детето сака константно да се надополнува со надворешните, наместо со внатрешните страни преку грижа и креативност. Премногу возрасни се зависни од потрошувачката поради исполнувањето на емотивните празнини. Ако се под стрес, се учат изворот на проблеми да го пронајдат во трошењето, храната, телевизијата, алкохолот… А со ова, не им овозможуваме љубов… Само правиме да бидат зависни.
2.Се запоставуваме себе си
Попуштањето на секое детско барање не значи љубов, особено ако подразбира ставање на самиот себе си на страна. Константното давање на детето и остварување на секоја негова желба значи учење на детето дека е во ред да се запостават чувствата и потребите на другите и да се стават само себе на прво место. Запоставувајќи се самите, не искажувате љубов на Вашите деца.
3.Ги учиме да вреднуваат нешта
Голем проблем на модерното општество е тоа што децата ги мерат сопствените вредности преку споредба со другите – како изгледаат, колку играчки имаат, колку скапа облека имаат…
Вистинската вредност на човекот лежи во неговата внатрешност, од знаењето дека каков – таков, вреди, а не поради она што го има или го носи. За жал, општеството станува материјално и луѓето се ценат по облеката што ја носат и автомобилот што го возат. Ако ги разгалиме децата на материјално ниво, тие од другите ќе бараат таква проценка на нивната вредност.
ЉУБОВТА НЕ МОЖЕ ДА ГИ РАЗГАЛИ ДЕЦАТА
Љубовта покажана преку разбирање, сочувство и грижа, му покажува на детето дека е сакано такво какво што е. Родителите својата љубов ја покажуваат кога поминуваат повеќе време со децата, кога ги слушаат и секогаш се тука за нив. Најголем подарок за едно дете е љубовта, токму поради неговите особини… Таа љубов ништо материјално не може да ја замени…
