За навалажнување на лицето и целото тело, како и за обновување на клетките на кожата, може да си направите убав домашен лосион. Тој е добар за сите типови на кожа, кој дејствува благопријатно против црни точки и за лекување на пеги.
Сомелете неколку парчиња диња и оставете ги да отстојат 1-2 часа.
Потоа исцедете сок од нив. Измешајте 400мл од него со една лажица мед и додадете едно лажиче сол. Откако ќе се растворат добро, додадете 200мл ракија.
Со подготвениот лосион можете да си ја прочистувате кожата секоја ден, оставајќи го го да впие некое време, пред да го измиете. На тој начин тој ќе дејствува и како маска за потхранување и обновување на клетките.
Овој домашен лосион може да се чува во стаклен сад, во фрижидер и да се користи подолг временски период (околу една година).

