Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, бидејќи во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат организмот.
Овој секојденевен појадок ќе помогне во елиминирање на нечистотиите од организмот и во чистење на цревата. Безусловоно го решава проблемот на опстипација, ги согорува мсаните наслаги и ја нормализира тежината.
По еден месец од конзумирањето на овој коктел, лесно ќе изгубите 3-5 килограми од вишокот на тежина. Тенот, косата, кожата и ноктите ќе станат здрави и убави, а стомакот полека ќе се “стопи”.
Сосотојки:
* 300мл кефир (или немасен јогурт)
* 2 лажици овесни снегулки
* 1 лажиче мелено ленено семе
* 1 лажиче какао во прав
* 5-7 суви сливи
Подготовка:
Појадокот се подготвува навечер за следниот ден. Полиете ги со малку топла вода (200мл) сувите сливи. Поклопете ги и оставете 5-10 минути.
За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, лененото семе и какаото. Полиете ги со кефир и добро измешајте. Набрекнатите суви сливи ситно исецкајте ги и додадете ги во претходната смеса.
Добро измешајте и оставете во фрижидер. Следното утро извадете ги од фрижидер и уживајте во својот здрав појадок.
Резултатите набргу ќе ги забележите.
