Настинката и грипот се обично придружени и со кашлица. Иако на пазарот можете да најдете фабрички произведени сирупи, факт е, дека не можете со сигурност да го знаете нивниот состав.
Од друга страна, сирупот за кашлица можете сами да го подготвите и според рецептата на нашите баби.
Според тврдењата тој е поефективен бидејќи содржи само природни состојки.
Еве како да го подготвите:
Состојки:
* 250гр мед
* 60мл маслиново масло
* 3 исцедени лимони
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и загрејте ги на слаб оган, додека не почант да вријат. Отстранете ги од огнот и оставете да се изладат. Сирупот ставете го во мал сад, кој добро ќе го затворите. Можете да го чувате во фрижидер до три месеци. Користете го по потреба…
На децата им се дава до три лажички на ден, а возрасните можат да до две супени лажици дневно. Загрејте го и измешајте пред употреба.
