За да ја отстраните шминката на едноставен начин, не треба да користите специјални и скапи продукти. Наемсто тоа, можете да користите состојки кои веќе ги имате во својот дом.
Млеко
Специјалното млеко за чистење на шминката заменете го со обично млеко. Освен чисто лице, овој продукт благодарение на млечните киселини овозможува и регенерација. Истиот ефект го има и киселото млеко.
Сок од свежи краставици
Излупете една краставица, исчете ја на парчиња и исцедете го сокот. Со него нежно отстранете ја шминката од лицето. Краставицата е одличен избелител, кој ќе го освежи надворешниот изглед на лицето. Со овој сок можете да го плакнете лицето наутро.
Маслиново масло
Натопете памук со малку зејтин и со него отстранете ја шминката. Маслиновото масло не само што ефективно ја отстранува шминката, но и ја потхранува кожата.
