Силното сонце, штетните сончеви зраци, дехидрираната кожа се доволни фактори за вашата кожа да остари преку ноќ. Затоа превземете нешто околу тоа. На кожата во лето и е потребна посебна нега. Дополнителна хидратација, аминокиселини, антиоксиданси… тоа се состојки кои и се потребни на кожата.
Потребно ви е: една жолчка, три лажици изрендана јаболка, неколку капки маслиново масло и една лажица мед. Оваа богата маска ќе ја нахрани кожата и ќе го спречи процесот на дехидрација на кожата.
Совет плус: задолжително користете крема со заштитен фактор за лицето кога излегувате од дома.
