Здраво тело

Четри причини зошто луѓето пијат премногу алкохол

Неумереното и претерано пиење алкохол не е присутно само кај младите лица. Едно американско истражување покажало дека еден од шест возрасни лица исто така во текот на една ноќ пијат повеќе од 5 алкохолни пијалоци.

Зошто луѓето пијат повеќе од што треба? Науката има некои изненадувачки одговори.

Медиумите – колку повеќе сме изложени на слики од алкохолни пијалоци во медиумите толку е поголема веројатноста дека  ќе се опијаниме. Исто така едно истражување покажало дека оние кои гледаат филмови во кои е истакнат алкохониот пијалок исто така во просек ќе пијат 1,5 пати повеќе.

Економската криза – со порастот на кризата расте и консумирањето на алкохолот.

Мозокот – најновите истражувања покажале дека акохолот влијае на центрите за уживање во мозокот.

Гласна музика – таа може да предизвика луѓето кои се во барот да пијат повеќе.

Write A Comment