Убавина

Процедури со морска сол за тело без целулит

Морската сол содржи висококонцентрирани минерални материи и микроелементи – активни материи кои ги активираат метаболните процеси и ја подобруваат циркулацијата на крвта. Растворена во вода, морската сол ги извлекува токсините од кожата и ги стимулира нејзините заштитни функции.

Додека лежите во кадата со морска сол не треба да користите сапун ни било какви други препарати, а после процедурата задолжително намачкајте го телото со хидратантно млеко соодветно за типот на вашата кожа. Најдобро е да биде антицелулитно масло , гел или крем. Процедурата се прави секој ден и трае 15 мин. Водата треба да биде топла, а количината на морска сол е 250гр.

Другиот дел од процедурата за елиминирање на целулитот е пилинбг кој се прави еднаш седмично, со домашно подготвена смеса по следнбава рецепта: измешајте 2 филџани морска сол со чаша топла вода и еден филџан маслиново масло. Се мачка цело тело и со нежни кружни движења се масира околу десетина минути. Откако ќе завршите со масажата оставете смесата да делува врз кожата уште 20 минути. Овој пилинг ќе ви помогне да ги решите и акните по телото. Се измива само со млака вода.

Дали целулитот ќе остане само спомен, зависи од вашата упорност и редовност.

Write A Comment