Во последно време вистински хит се мат лаковите за нокти. Меѓутоа, кај нас не е воопшто лесно да ги најдете. А и кога ќе успеете да ги пронајдете, изборот на бои е многу мал! Доколку сте љубител на мат лаковите овие два трика се за вас!
Прв трик:
Во обичен лак за нокти ставете малку пченкарен скроб. Потоа, шишенцето добро протресете го се додека скробот и лакот не се соединат. Нјадобро е да купите еден проѕирен лак и во него да ставите од скробот. Откако него ќе го нанесете врз било кој друг лак во боја, тој веднаш ќе се матира.
Втор трик:
Излакирајте ги ноктите со саканиот лак и пред да се исуши ставете ги ноктите врз сад со врела вода. Почекајте една минута и бојата ќе го изгуби сјајот. Само внимателно со пареата за да не се изгорите. Водата не треба да врие! Треба само да биде врела.
