Кога жената е задоволна со бракот подготвена е за мажот да направи многу повеќе, а тоа позитивно влијае на неговиот живот…
Среќен и долговечен брак сигурно е комбинација на бројни фактори, но задоволството на жената е една од малите тајни на таквите бракови, пишува порталот Tech Times.
Новото истражување објавено во списанието Journal of Marrige and Family покажало дека на среќата во бракот влијае колку е со него задоволна жената.
Дебора Кар и колегите од Универзитетот во Њу Џерси анализирале 400 брачни парови во кои сопругата имала барем 60 години и кои во просек траеле барем 39 години.
Со цел да го пронајдат нивото на брачната среќа, експертите ги интересирале чувствата кои партнерите меѓусебно ги имаат, па им поставувале прашања како : ги почитува ли нивниот сопружник, ги разбира ли нивните чувства или пак се расправа со нив.
Кар и колегите откриле дека набљудуваните парови имале високо ниво на животна среќа, што укажува на тоа дека среќата во бракот многу зависи од среќата во животот воопшто, иако се работело за парови во постари години.
Исто така дошле до заклучок дека, без оглед како мажите се чувствуваат во бракот, тие во принцип се посреќни кога со бракот се задоволни нивните сопруги.
Кога жената е задоволна со бракот, таа е подготвена за мажот да направи многу повеќе, а тоа позитивно влијае на неговиот живот. Изјавила Кар.
Студијата исто така покажала дека, додека жените се помалку среќни кога сопругот е болен, мажите не го делат тоа чувство кога жените се болни.
Брачната среќа е променлива категорија и значајно зависи од вкупната животна и моментална среќа, објаснила Кар. Сепак, среќата на мажот и вкупната животна среќа поголема е кога неговата сопруга исто така чувсвува задоволство во бракот, односно помала е кога жената не е среќна, заклучиле експертите.
