Ќе се изненадите за што се можете да ја употребите пудрата за бебиња…
Ги чисти вашите миленичиња. Беби пудрата функционира како шампона за суво миење, така што со неа можете да го измиете својот домашен миленик.
Впива маснотии. Ако ставите малку пудра на флеката на вашата омилена кошула или било која друга ткаенина, беби пудрата ќе ја впие маста и ќе ја освежи.
Дава бујност на трепките. Малку пудра на вашите трепки, пред да нанесете маскара, ќе им даде неверојатна бујност на вашите трепки.
Го отстранува непријатниот мирис од чевлите. Кога чевлите не ви мирисаат убаво, ставете беби пудра во нив и оставете ги да преноќат. Следниот ден исчистете ја пудрата и уживајте во свежината.
Ја намалува болката на депилацијата. Напрскајте ги нозете пред депилација и беби пудрата ќе создаде тенок слој кој ја штити кожата од изгореници од восок.
Ја зацврстува шминката. Наместо да платите богатство за скапа камена пудра, напрскајте малку пудра да ја зацврстите шминката.
Бидете свежи. Искористете ја беби пудрата како замена за дезодоранс. Ја впива потта и убаво мириса.
Брза помош за коса. Кога немате време да ја измиете коста, втријте од пудрата на коренот. Ќе ја впие нечистотијата и вашата коста ќе изгледа чисто.
