Заноктиците често ни создаваат проблеми. И покрај тоа што неправилната нега може да доведе до болни рани, заноктиците не се привлечни ни на око. За да не се создаваат заноктици,потребно е правилно да ги негувате.
Кога ги средувате заноктиците внимавајте да не ги засечете премногу од страните. Најдобар начин е да ги потиснете со помош на посебно средство за омекнување на кожата кое ќе ви овозможи полесно да ги притиснете.
Пред да започнете со негата, отстранете го лакот за нокти, па ставете го средството за омекнување на кожата или едноставно рацете натопете ги во раствор со вода и неколку капки течен сапун. Кога кожата ќе омекне потиснете ја со алатка за заноктици нежно и потоа маникирајте ги ноктите. Кремата за нега на нокти користете ја редовно.
