Во секојдневниот хаос и преокупација со премногу обврски, понекогаш е потребно да направиме пауза и да се потсетиме колку ги сакаме своите деца. Доколку во последно време комуникацијата со вашата ќерка се сведува само на пшрашањата: “Дали напиша домашно?” или “Дали ги изми садовите? “, прочитајте ги овие 24 работи што секоја мајка сака нејзината ќерка да ги знае и потсетете ја на нив. Исто така, потсетете се и себе колку таа ви значи и колку би сакале да и помогнете во она што ја чека во животот.
Никогаш не заборавај дека твоето тело е убаво и здраво, токму какво што е.
Немој никогаш да престанеш да читаш книги.
Биди горда на својата смисла за хумор.
Не е потребно секогаш да имаш најубави и најскапи работи.
Твојата невиност е вредна. Чувај ја за оној кој ја заслужува.
Користи крема со заштитен фактор.
Пишувај дневник и никогаш немој да ги кинеш страниците од него. Ќе ти биде мило неколку години подоцна повторно да ги прочиташ.
Секогаш биди благодарна на она што го имаш.
Скромноста е доблест. Не мораш секогаш се да покажеш за да бидеш секси.
Во ред е да се исклучиш од се и од сите и да одвоиш време само за себе.
Смеј се и светот ќе се смее со тебе. Сите сакаат весели луѓе.
Фотографирај го секој важен момент во својот живот.
Нека твојата цел биде да завршиш факултет и да имаш корист од тоа што си завршила.
Не се споредувај со другите.
Труди се да не бидеш брзоплета.
И подемите и падовите се составен дел од животот.
Ќе има и такви момчиња кои ќе ти го скршат срцето, но т ветувам дека со текот на времето ќе ги преболиш.
Омажи се за човек кој сака деца.
Често миј ги рацете.
Не брзај со шминкањето. Ќе дојде време и за тоа.
Секогаш почитувај ги постарите. Биди учтива и покажи убави манири.
Никогаш не заборавај колку јас и татко ти те сакаме!!!
