Оваа сезона ќе ве загрееме со неодоливите плетени џемпери. Овој пат за вас подготвивме некои модни комбинации со џемпери, кои се во вашата милена боја – розова. Овие џемпери се меки и практични, лесно можете да ги комбинирате со сите дневни комбинации. Едноставно изгледаат, тренди и опуштено. Во својата гардероба за есен/зима 2014-2015 мора да имате барем еден розов џемпер. Но, доколку не ви се допаѓа оваа боја, тогаш изберете некоја посветла нијанса на розе.
На фотографиите во продолжение проверете како оваа сезона можата да носите розов џемпер.










