Маските за лице ја прават кожата еластична, мускулите се оптегнуваат, порите ја излачуваат нечистотијата, а тенот станува почист, посвеж и поблескав. Најдобар успех се постигнува со нанесување на маската пред самото одење на спиење. Еднаш неделно третирај го своето лице со маска кои за нега и убавина ја користеле Египјанките од пред неколку илјади години. Иако во тој период било најнормална работа да се чуваат во тајност состојките за нега на убавината, овој таен рецепт несебично го споделуваме со вас:
Состојки:
1 јајце
1 мала лажица маслиново или бадемово масло
1 голема лажица млеко
Малку сол
1 голема лажица брашно (или по потреба)
Подготовка:
Измешај ги јајцето млекото и маслото. Потоа во смесата додади ги брашното и солта. Смесата не смее да биде многу ретка ниту пак многу густа, а ако биде готова таква слободно додади неколку капки масло или пак брашно како би се добила идеалната смеса. Маската нанеси ја на вратот и лицето, и остави ја делува едно 15 минути.После тоа измиј го лицето со млака вода и намачкај го со хидратен крем.
