Art & Crafts

Дознајте зошто се појавуваат акни во одредени делови од телото!

Појавата на акни може да биде поттикната од многу причини и фактори. На секој дел од телото се појавуваат акни од различна причина, дознајте која е таа.

Зона 1 и 3 (челото)

На ова место се појавуваат акни како последица од лоша исхрана, тоа може да биде знак дека организмот не ви поднесува некоја храна и дека имате проблем со системот за варење.

Зона 2 (средината на челото)

Овој дел од лицето, поточно помеѓу веѓите се поврзува со црниот дроб. Би можело малку повеќе да се контролирате со консумирање на алкохол, масна храна и зачини.

Зона 4 и 10 (ушите)

Ушите се поврзани со бубрезите, обрнете внимание и направете преглед на овој орган.

Зона 5 и 9 (образи)

Акните на образите укажуваат на респираторните проблеми. Во тој случај треба да внимавате и на внесувањето на никотин. Аните во овој дел укажуваат и на проблеми со циркулацијата и затнати пори и проширени капилари.

Зона 6 и 8 (очите)

Акните во пределот на очите укажуваат на недостаток на течности, читајте ги знаците кои телото ви ги праќа.

Зона 7 (нос)

Акните на носот укажуваат на покачен крвен притисок, ако акните се воспалени и црвени направете преглед во најскоро време.

Зона 12 (брадата)

На брадата најчесто се појавуваат акни кога има некоја промена во хормоните. Најчесто акните се појавуваат пред менструалниот циклус.

Зона 11 и 13 (аглите на устата)

Аглите на устата се поврзани со јајниците, и тука се јавуваат акни пред менструалниот циклус.

Зона 14 (подрачјето околу вратот)

Доколку имате акни кои одеднаш се појавуваат, избувнуваат на вратот и аглите од лицето тогаш има сериозно нарушување на функцијата на бубрезите. Не би било лошо да посетите лекар.

 

Write A Comment