Meri En Mening ја исполнила својата последна желба. 61-годишната жена ја изгубила битката против рак на дојката, но сепак успеала на венчавката на својот син за последен пат да танцува. Три дена потоа, Мери починала.
На венчавката Мери успеала да ја собере сета своја снага и да стане од инвалидската количка, со цел со својот син Рајан да заигра на песната “Somewhere Over the Rainbow”.
– Силата, одлучноста и упорноста и помогнале на Мери Ен во својата последна желба: да заигра со синот на неговата венчавка, само три дена пред да почине.
Ќерката Кристи на Јутјуб го објавила потресното видео од танцот на мајаката пред смрт со својот син.
Како изгледал овој потресен танц, можете да погледнете во видеото:
