Детокцикацијата на телото со помош на купка е древен лек кој можете себеси да си го приготвите. Овој тип на детоксикација на токсините се случува преку потењето. Еве како да ја направите.
1. Одредете ден кога ќе можете да одвоите барем 40 минути за опуштање. Во првите 20 минути во бањата телото се ослободува од токсините, а во вторите 20 минути кожата ги впива минералите од водата.
2. Наполнете ја кадата со топла вода и користете филтер за хлор ако го имате.
3. Во водата ставете магнезиум сулфат. На тој начи ќе го зголемите нивото на магнезиум во водата. ( за деца до 27 килограми ставете пола чаша; за деца од 27-45 килограми една чаша; за оние кои се потешки од 45 килограми ставете 2 чаши магнезиум сулфат).
4. Ставете една до две чаши сода бикарбона. Таа е позната по својата способност за чистење. Исто така ја прави кожата мека.
5. Ставете мелен ѓумбир или чај од ѓумбир. Тоје задолжителен во оваа купка, но ја подигнува температурата на телото и поради тоа ќе ги извадите сите токсини да ги исфрлите низ потта.
6. Ставете ароматично масло. Изберете мирис по ваш вкус.
7. Промешајте со рака и влезете во кадата. 40 минути е препорачливо да бидете во неа. Би требало да почнете да се потите по неколку минути. Ако ви е премногу топло може да додадете малку ладна вода.
8. Откако ќе завршите со купката, пијте доста вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
– Не користете ја оваа купка ако сте бремени, ако имате проблеми со срцето, бубрезите или нешто друго.
– Пред да ставите масло во купката прочитајте ги неговите својства. Некои билки може да бидат отровни.
