Мојата кујна

Брза торта со ореви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кората:

* 150гр путер

* 250гр шеќер

* 3 јајца

* 400гр џем (вкус по избор)

* 200гр мелени бисквити

* 3 лажици брашно

* 200гр чоколадо

Состојки за филот:

* 300гр џем

*200гр сецкани ореви

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Путерот омекнате го на собна температура па изматете го заедно со шеќерот. Додадете го џемот и јајцата па продолжете со матење. Додадете ги мелените бисквити и брашното па повторно матете.

Потоа тестото префрлете го во подмачкан плех и добро израмнете го. Врз тестото распоредете ги парчињата од чоколадо па лесно со прстите притиснете ги. Печете околу 30 минути, потоа исклучете ја рерната, но тортата оставете ја во неа уште 10-15 минути.

Загрејте го џемот, додадете ги во него сецканите ореви па се добро измешајте. Извадете ја тортата од рерна па врз неа распоредете го измешаниот џем и ореви. Исечете го по желба.

Write A Comment