Bridal

Романтични и елегантни: Најубавите веначници за 2014.

Не постои девојка која не сака да изгледа совршено на својата свадба. Но сите се соочуваат со една тешкотија: каква венчаница да изберат. Понекогаш и покрај неодоливата желба, се прашуваат дали навистина ќе го направат најдобриот избор за себе? Ќе изгледаат ли незаборавно на најубавиот ден?
Да бидеме искрени, за време на таквата потрага, сигурно ќе најдете многу венчаници. Може да се одлучите за опцијата да изнајмите или да ја добиете венчаницата која вашата мајка ја носела на нејзината свадба. Но ако потрагата по вашата совршена венчаница продолжува, тогаш ние ви ги нудиме најпосакуваните венчаници за 2014. Годинава, тоа се оние кои имаат тантела на грбот. Тие се едни од најромантичните фустани и сигурно ретко која девојка може да им одолее. Тантелата, според речникот на симболите значи: романтика, елеганција, а девојката која ја носи со еден збор, станува ѕвезда која сјае. Ова се некои од моделите со кои само ќе ја зачиниме вашата фантазија.

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Write A Comment