Подгответе ја кожата за есен, па со пилингот на природна база отстранете ги мртвите клетки од неа. Кожата има својство сама да се обновува, но потребно и е помош за да се отстранат мртвите клетки.
Ако сакате на природен начин да ги исчистите порите и да ги отстраните мртвите клетки подгответе млечен пилинг: две шаки груба морска сол измешајте ги со 3 децилитри млеко, добиената смеса со кружни движења втријте ја во кожата. Потоа кожата добро измијте ја и на крајот нанесете хидратантен крем како би ја потхранеле кожата.
За припремата на пилингот најдобро е да користи сурово млеко, тоа ги содрќи сите хранливи состојки кои ја хранат и регенерираат кожата. За посува кожа, најдобро е да се користат помрсни кајмаци.
Резултатот кој ќе го добиете потоа е убава и мазна кожа, без мртви клетки и подготвена е за куса и лесна облека.
