Мојата кујна

Чоколадни топчиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 175 мл слатка павлака со 45% масленост

* 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено

* 30 г несолен путер, растопен

* 3 супени лажици ликер по ваш вкус

* незасладено какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете ја павлаката да поврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните топчиња ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.

 

Write A Comment