Motherhood

Како децата го доживуваат разделувањето на своите родители?

Една од најчестите грешки за развод помеѓу партнерите, е кога едниот партнер смета дека со разводот ќе го натера другиот партнер да го смени однесувањето и да сфати дека нешто губи, а особено голема грешка е кога ќе му се заканува дека ќе го изгуби и детето. Треба да се има на ум дека разводот нема таква моќ да ги наведе луѓето да мислат и да се чувствуваат поинаку. Тој има една цел, да го прекине бракот и да ги ослободи партнерите да создаваат нови врски во иднина.

Разводот носи промени. Откако ќе останете сами, партнерите може да искусат наплив на емоции, на пример чувство на отфрленост, болка , разочарување, осаменост, пораз, па дури и губење на самодоверба. Обично, за разведените родители најболна е фазата кога сфаќаат дека децата треба да страдаат поради нивната одлука. Затоа е многу важно да се надминат чувствата на огорченост и зрело да се прифати одлуката, и да се задржи почитта кон бившиот партнер. Ова е многу посебно важно за децата, бидејќи соработката помеѓу двата родители е најдобар начин да се ублажи и онака тешкиот период за децата.

Како децата го доживуваат разделувањето на своите родители?

Тоа зависи од повеќе фактори, како што е возраста на детето, неговиот однос со двајцата родители, неговото присуство за време на кавгите и несогласувањата, како и самиот начин на кој родителите го прифаќаат разводот.

За некои деца, разводот претставува олеснување, затоа што завршува нетрпеливоста меѓу родителите, додека пак кај други може да предизвика чувство на страв од непознатото во иднина, и милион прашања околу тоа дали ќе може да се гледа и со мајката и со таткото…

Одредени периоди во растот и во развојот на децата се почувствителни од други и тогаш треба да се избегнуваат дополнителни потресувања во семејството. На пример, кога детето тргнува во градинката или на училиште, кога се раѓа ново бебе или пак при загуба на некој член на семејството. Меѓутоа, ако односите меѓу родителите се толку нарушени, тогаш за детето е подобро тие да се разведат, независно во која фаза на развој се наоѓа тоа.

Разведените родители често стравуваат дека не се добар пример за своите деца. Добриот родител не го чини фактот дали е во брак или не, туку неговата посветеност на родителството, познавањето на своето дете, заедничкото време и меѓусебната поддршка. Исто така, како разведен родителот може да биде добар пример дека во животот не треба да биде жртва и дека треба да има свои ставови и размислувања.

За здравиот развој на детето важни се и двајцата родители, односно нивната урамнотеженост, здравје и посветеност. Кога не е таков случај, односно кога родителите имаат меѓусебни проблеми што не можат да го разрешат, тогаш за децата е подобро “здрав развод отколку лош брак“. За нив е подобро да растат покрај еден родител кој е стабилен отколку покрај двајца кои постојано се непријателски настроени и негативно постојано.

Родителите често стравуваат дека разводот ќе остави траума врз животот на децата. Сепак, не постојат правила. Има многу деца кои растеле со двајцата родители, па носат далеку подлабоки трауми и емотивни лузни отколку некои деца кои растеле само со мајка или само со татко. Треба да знаете дека растењето покрај еден или двајца родители не прави разлика во академските достигнувања на децата и во најголем број случаеви не се предизвикува тешки последици во нивниот социјален живот. Емотивните трауми се надминуваат, децата учат да ги прифатат истите и да изнајдат начин да се справат со нив.

Write A Comment