Децата кога се раѓаат не знаат што е прифатливо, а што е неприфатливо однесување. Тие учат гледајќи ве вас и другите околу нив како се однесуваат и како се однесувате спрема нив и спрема другите.
Родителите сакаат нивните деца да бидат грижливи, внимателни и добро воспитани. Идеите како тоа да се постигне се различни и се менуваат со времето.
Може да има повеќе причини за лошото однесување:
Да привлечат внимание
Незнаење како да се однесуваат во одредена ситуација
Повик за помош или фрустрираност
Недоразбирање
Нереални правила или очекувања
Заборавање на правилата или границите.
Поставување на ограничувањата
На децата им требаат ограничувања. Им требаат безбедни огради во рамките на кои ќе прават избор, ќе имаат одговорност и ќе доживуваат успех.
Ограничувањата мора да бидат јасни и постојани! Непостојаноста децата ги прави несигурни за тоа што можат а што не можат да прават.
Определете едноставни правила за секој да ги почитува и дајте причини за нив. Бидете свесни за причините за определување на ограничувањата и настојувајте истите да бидат разумни.
Постојано потсетувајте ги децата за правилата и границите.
Последиците од прекршување на правилата би требало:
Да се случат што побрзо
Да се кратки или ќе го изгубат заначението
Да се во врска со одредениот проблем
Секогаш треба да се безбедни и да го почитуваат детето
Бидете цврсти, но праведни.
Вие можете да им помогнете на децата со:
Слушање и одржување на комуникациите отворени
Признавање на нивните чувства
Останување постојан
Настојување очекувањата да се реалистични
Одвојувајќи им време и внимание
Охрабрување сами да ги решаваат проблемите
Фалејќи ги за доброто однесување.
Запомнете:
Сите деца се различни и може да бараат различен пристап од родителите.
Ниеден пристап нема да делува цело време! Бидете креативни.
Родителскиот пристап мора да се менува и расте со возраста, можностите и потребите на детето.
