Дестинации

Во кои градови се наоѓаат најпрљавите хотелски соби?

Хотелската соба понекогаш може да изгледа чисто, но само на прв поглед. Тоа го потврди и едно неодамна спроведено истражување па е составена листа од најчистите и најпрљавите хотели во светот.

Хотел.инфо во своето истражување заклучил дека најчистите соби ќе ги најдете во Токио. Просечната оценка за чиста хотелска соба изнесува 8,93 од 10.

На второ место се наоѓа Варшава со оценка 8,76, а ја следат Сеул и Братислава кои исто така имаат високи оценки, 8,45. На петтото место се наоѓа Бугарија, односно главниот град Софија.

Рио де Женеиро и Париз немаат толку лоши оценки, но имаат место за напредување бидејќи нивните оценки се 7,29 и 7,63. Помеѓу најлошите се наоѓа Лондон со оценка 7,52 па Осло со 7,53, а малку подобри се Амстердам и Копенхаген.

До овие резултати страната Хотел.инфо дошла преку гласови од шест милиони корисници кои ги поделиле своите искуства.

Write A Comment